Македонија Денеска променливо облачно, посвежо и ветровито време

Денеска променливо облачно, посвежо и ветровито време

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, ветровито и посвежо, со локален дожд во попладневните часови. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието и во источните делови повремено ќе достигнува брзина и над 90 километри на час.

Дневните температури ќе бидат значително пониски од оние во изминатите денови, а УВ-индексот ќе изнесува 6.

Максималната дневна температура ќе се движи од 17 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно, ветровите и посвежо, со локален дожд попладне и засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе се искачи до 24 Целзиусови степени.