Македонија Денеска променливо облачно и посвежо време

Денеска променливо облачно и посвежо време

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени сончеви периоди. Претпладне е можна појава на слаб локален дожд, а на планините – слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен западен ветер, кој ќе биде поизразен во западните делови од земјата.

Утринската температура се движи од минус 2 до 4 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 12 Целзиусови степени.