Главна секција Денеска продолжуваат средбите на работните групи

Денеска продолжуваат средбите на работните групи

Денеска  треба да продолжат средбите на работните групи на четирите партии – потписнички на Договорот од Пржино.

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА ќе разговараат за изборниот процес, а на дневен ред се прочистувањето на избирачкиот список, предлогот за активна регистрација, гласањето на дијаспората и надлежностите на Државната изборна комисија (ДИК).

Се очекува и да се отвори и прашањето за специјалниот јавен обвинител. Партиите треба да разговараат и за изборот на личноста која треба да ја преземе оваа функција, како и за надлежностите кои ќе ги има овој обвинител.

Според договорот од Пржино, специјалниот обвинител треба да биде избран на 15 септември и да работи на расчистување на сомнежите кои произлегоа од прислушуваните разговори.