Македонија Денеска претежно сончево, со температури до 21 степен

Денеска претежно сончево, со температури до 21 степен

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во западните делови од земјата ќе има појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура се движи од минус 2 до 3 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од југоисточен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 20 Целзиусови степени.