Македонија Денеска претежно сончево, со температура до 35 степени

Денеска претежно сончево, со температура до 35 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, која се очекува да се зголеми во попладневните часови. Во западните делови од земјата ќе има услови за појава на краткотраен дожд, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура се движи од 10 до 19 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ-индексот ќе биде со вредност 7.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала, а попладне со умерена облачност и ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 33 Целзиусови степени.