Македонија Претпладне претежно сончево, попладне наоблачување

Претпладне претежно сончево, попладне наоблачување

Утрово во Македонија е регистрирана ниска температура, од минус 7 Целзиусови степени во Берово, минус 4 степени во Скопје до минус 1 Целзиусов степен во Гевгелија. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Демиркаписко има појава на намалена видливост.

Во текот на денот времето ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Кон крајот на денот ќе има извесно зголемување на облачноста. Дневната температура ќе биде значително повисока од утринската и ќе се движи во распон од 12 до 19 Целзиусови степени. Во Скопје температурата ќе достигне 16 Целзиусови степени.

Утре ќе има зголемена облачност преку целиот ден, а во вечерните часови ќе има слаб локален дожд, особено на северозападот од земјава. За време на деновите од викендот ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со температура во рамки на просекот за овој период од годината. В сабота ќе дува умерен северен ветер, гласи прогнозата на УХМР.