Македонија Денеска претежно облачно, со повремен дожд

Денеска претежно облачно, со повремен дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно и свежо, со повремени врнежи од дожд. На некои места, особено во јужните и источните делови, врнежите ќе бидат пообилни и проследени со грмежи, а кон крајот на денот ќе престануваат.

Утринските температури се движеа во распон од 1 до 10 Целзиусови степени, а дневните температури ќе бидат до 15 степени Целзиусови.

Прогнозата за утре е променливо облачно, попладне на места нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Потопло време без врнежи се очекува од среда.