Македонија Денеска повторно променливо време со пороен дожд

Денеска повторно променливо време со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има повремен дожд, а локално ќе биде и нестабилно, со пороен дожд и грмежи.

Утринската температура се движи од 7 до 15 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 18 и 26 степени. УВ индексот ќе биде 6.

Во Скопје слично време, со локален дожд и услови за ретки грмежи попладне. Температурата ќе се движи од 11 до 25 Целзиусови степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи. Утре процесите ќе бидат поретки и со послаб интензитет, а од четврток условите за нестабилност повторно ќе се зголемуваат.