Македонија Денеска потопло, со температура до 11 степени

Денеска потопло, со температура до 11 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и потопло, со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во крајните западни делови од земјата можни се локални врнежи од дожд во текот на денот.

Утринската температура се движи од минус 5 до 4 Целзиусови степени, а максималната дневна температура ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветeр од северозападен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне 8 Целзиусови степени.