Македонија Денеска облачно, со температура до 11 степени

Денеска облачно, со температура до 11 степени

Во Македонија денеска времето ќе биде променливо облачно, а попладне во западниот дел од земјата се очекува слаб локален дожд, додека на повисоките  планини снег.

По одделни котлини ќе има појава на слаба магла, особено претпладне. Температурата ќе се движи од 4 до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со температура до 7 Целзиусови степени.