Македонија Денеска облачно со сончеви периоди

Денеска облачно со сончеви периоди

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните делови од земјата, а на повисоките места – повремени врнежи од снег.

Утринската температура се движи од нула до 5 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 9 до 18 степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време, променливо облачно со повремени сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне 14 Целзиусови степени.