Македонија Денеска облачно, со сончеви периоди попладне

Денеска облачно, со сончеви периоди попладне

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно, со локален дожд во претпладневните часови, а попладне се очекува благо разведрување со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура се движи од 6 до 12 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје се очекува слично време, облачно со дожд претпладне, а попладне со сончеви периоди. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 18 Целзиусови степени.