Македонија Денеска облачно, со повремени врнежи од дожд и од снег

Денеска облачно, со повремени врнежи од дожд и од снег

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во западните делови од земјата, претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и од снег, а на планините од снег.

Утринската температура се движи од 1 до 5 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време, облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 7 Целзиусови степени.