Македонија Денеска облачно и врнежливо, со температура до 23 степени

Денеска облачно и врнежливо, со температура до 23 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно облачно и нестабилно, со врнежи од дожд, а во делови на централна и на југоисточна Македонија синоптичарите прогнозираат умерено облачно време без врнежи од дожд.

Утринската температура се движи од 8 до 18 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 12 до 23 степени.

Во Скопје денеска ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 20 Целзиусови степени.