Македонија Денеска обилни врнежи од дожд во голем дел од земјава

Денеска обилни врнежи од дожд во голем дел од земјава

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно, со обилни врнежи од дожд.

Врнежите на некои места во земјава, главно во јужниот дел на земјава ќе достигнат и до 50 литри на квадратен метар.

Утринските температури на воздухот се движеа од 6 до 14 Целзиусови степени, додека дневните температури ќе се движат во интервал од 10 до 22 степени.

За наредните денови се најавува невреме, со дожд и силен ветер.

Така ќе биде сѐ до сабота кога се очекува стабилизирање на времето и пораст на температурите.