Главна секција Денеска нова средба на работните групи за изборната регулатива

Денеска нова средба на работните групи за изборната регулатива

По три дена пауза, денеска во 13.30 часот повторно е закажана средба на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино, дознава „Мета“.

Oлеснувачот Питер ван Хојте на средбата треба да достави нацрт-предлог на изборниот закон, кој ќе го презентира пред претставниците на политчките партии.

„Мета“ дознава дека договорен е само изборот и начинот на одлучување на државната изборна комисија, додека сè уште е спорно гласањето на дијаспората. Од решавањето на тоа прашање ќе зависи и начинот на гласање на следните парламентарни избори, односно дали тој ќе биде по мнознински или по пропорционален модел.

И по синоќешното интервју на премиерот Никола Груевски на телевизија „Сител“, сè уште не е познато дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од гласањето на дијаспората на следните парламентарни избори. Груевски рече дека не е фер да се поставуваат услови со квоти за гласачите од дијаспората кои минуваат поголеми далечини за да гласаат.

СДСМ, пак, е за гласање на дијаспората, но нивниот глас да биде еднаков со гласот на граѓаните во Македонија.