Главна секција Денеска нова лидерска средба, договор – невозможа мисија

Денеска нова лидерска средба, договор – невозможа мисија

Нова лидерска средба е најавена за денеска помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи. Според најавите, тешко дека и денеска ќе се постигне договор, особено откако и двете партии ги зацементираа своите позиции.

Груевски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори и нема да дозволи да пропадне договорот од 2 јуни, а опозициската партија порача дека нема избори со влада што би ја водел Груевски.

На денешната средба нема да присуствува еврокомесарот Јоханес Хан, но најави дека ќе биде во постојана комуникација со лидерите на партиите.