Македонија Денеска на собраниските комисии ќе се разгледува извештајот на Прибе

Денеска на собраниските комисии ќе се разгледува извештајот на Прибе

Собраниските комисии денеска ќе ги разгледуваат листата на итни реформски приоритети и препораките од извештајот на експертската група ангажирана од Европската комисија, а предводена од поранешниот директор во комисијата, Рејнхард Прибе.

На дневен ред се системските прашања за владеење на правото, кои се однесуваат на следењето на комуникациите во делот независни, регулаторни, контролни и надзорни тела.