Македонија Денеска многу топол ден

Денеска многу топол ден

Денескa времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со температури и до 38 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 9. Ќе дува слаб, претежно северен ветер.

Максималните дневни температури ќе се движат од 31 до 38 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево и топло со слаб северен ветер и дневна температура до 36 Целзиусови степени.

За време на викендот ќе се задржи претежно сончево и топло време. В недела кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и претежно во северозападните делови ќе има услови за краткотраен дожд.

В понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

Од среда условите за попладневна нестабилност ќе се намалат.