Македонија Денеска ќе пристигнат 110.612 вакцини на „Фајзер-Бионтек“ преку Ковакс-механизмот

Денеска ќе пристигнат 110.612 вакцини на „Фајзер-Бионтек“ преку Ковакс-механизмот

Фото: Мета.мк

Денеска ќе пристигнат 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“, кои нашата земја ги купи преку Ковакс-механизмот, велат од Министерство за здравство.

„До крајот на годината, преку Ковакс-механизмот е најавена испорака на уште 100.000 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“. Пристигнатите вакцини, за кои има голем интерес кај населението, а кои се препорачуваат за имунизација и на деца над 12 години, ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата со цел да се обезбеди непречен процес на вакцинација. Освен на вакциналните пунктови, вакцинацијата во нашата земја се одвива и теренски,“ се вели во соопштението.

Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се победи пандемијата. Само со целосна вакцинација се намалува шансата од заболување, се спречува тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход.