Македонија Денеска ќе врне

Денеска ќе врне

Времето денеска ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, а се очекува да наврнат и повеќе од 30 литри на еден квадратен метар, особено во западните делови од земјава. Во источните делови, локално ќе има услови за интензивен пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

Во доцните пладневни часови ќе има извесно намалување на облачноста и врнежите постепено ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, кој во попладневните часови ќе го промени правецот во северен и ќе донесе заладување и постепено стабилизирање на времето.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14 Целзиусови степени, а дневната од 11 до 17 степени.

Во Скопје, претпладне и во утринските часови, ќе има повремени врнежи од дожд и претежно ќе биде облачно, а веќе во попладневните часови постепено врнежите ќе се намалуваат, односно ќе престануваат. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец во попладневните часови. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне 16 Целзиусови степени.

Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно и суво. Дневната температура ќе опадне за пет до шест степени.