Македонија Денеска ќе се знае дали ќе има забрана за увоз на пилешко...

Денеска ќе се знае дали ќе има забрана за увоз на пилешко од Холандија

Агенцијата за храна и ветеринарство до крајот на денот ќе соопшти дали ќе воведе забрана за увоз на пилешко месо од Холандија, по информацијата дека вчера на една фарма во селото Хекендорп, централна Холандија, откриен е високо патоген вид птичји грип смртоносен за живината, а од него, како што информираа холандските власти, може да се заразат и луѓето.

Холандија во 2003 година беше погодена од вирусот Х7Н7 на птичјиот грип и тогаш беа уништени 30 милиони птици.