Македонија Денеска ќе има затемнување на Сонцето

Денеска ќе има затемнување на Сонцето

Денеска има затемнување на Сонцето кое најдобро ќе можат да го видат жителите и посетителите на Фарските острови и на островите Свалбард, на крајниот север на нашата планета.

Од кај нас, а и од цела континентална Европа, ќе можеме да видиме делумно затемнување на Сонцето. Колку сте посеверно во Европа, толку поголем дел од дискот на Сонцето ќе биде затемнет од Месечината. Од Скопје, околу 43,5 проценти од дискот на Сонцето ќе бидат затемнети за време на максимумот од затемнувањето во 10.45 минути на 20 март, велат од Скопското астрономско друштво.

„Затемнувањето за Скопје почнува во 9:37:56, максимумот ќе биде во 10:45:10, а завршува во 11:56:34. Членовите на нашето друштво ќе бидат на градскиот плоштад во Скопје и ќе се потрудат да Ви го доловат овој несекојдневен настан. Телескопите ќе бидат поставени уште пред 9.30 часот, па во текот на следните повеќе од два и пол часа ќе го следиме затемнувањето. Сите заинтересирани ќе можат да дојдат и да го погледнат овој настан преку телескопите на нашето друштво“, информираат од Скопското астрономско дрштво.