Македонија Денеска ќе биде презентиран извештајот за напредок на Македонија во ЕУ

Денеска ќе биде презентиран извештајот за напредок на Македонија во ЕУ

Извештаите за напредокот на земјитe во процесот на евроинтеграциите денеска треба да ги објави Европската комисија.

Во годинашните извештаи за напредок, земјите-кандидатки за членство во Европската унија ќе добиваат оценки од еден до пет.

Во пресрет на извештајот, дипломатите единствено забележуваат дека спроведувањето на договореното од Пржино е чекор напред, со што, наводно, беше условувана и препораката за преговори со Унијата.

Се претпоставува дека македонската препорака ќе биде условена со целосно спроведување на обврските предвидени со Договорот од Пржино – нова форма на препорака која досега не била употребувана.