Култура Ден на македонската култура во Шведска

Ден на македонската култура во Шведска

Попладнево од 18 часот, во шведскиот град Телеборг ќе се одржи годинашната манифестација Ден на македонската култура.

Покровител на манифестацијата е Македонскиот сојуз, а домаќин годинава ќе биде друштвото „Пелистер“.

После, културниот дел од програмата и настапот на учесниците – фолклористи, рецитатори и натпреварот „Вешта жена“, организаторот, за присутните, ќе приреди забава со популарната пејачка Елена Јовчевска и оркестарот „Прилепски мелос“.

Специјален гостин во програмата ќе биде и познатиот македонски музичар, етномузиколог Драган Даутовски – информираше за „Мета“, Ивица Челиковиќ, новинар поет, раскажувач и преведувач, кој живее во Шведска.