Свет Свет Демонстрантите во Њујорк го споредија Трамп со Хитлер

Демонстрантите во Њујорк го споредија Трамп со Хитлер

Неколку стотици лица демонстрираа во Њујорк против претендентот за номинација за кандидат на Републиканската партија на претседателските избори во САД, Доналд Трамп, споредувајќи го со Адолф Хитлер.

Протестите се одржаа синоќа пред еден хотел на Менхетан, каде Трамп со ривалските кандидати се наоѓа на подготовки.

Учесниците на протестот носеле постери, споредувајќи го Трамп со Хитлер, обвинувајќи го дека е расист и оти е против имигрантите.

„Не за Трамп“, „Не за расизмот“, „Имигрантите се добредојдени!“, „Њујорк не е зона на омраза“, беа некои од слоганите што ги извикуваа насобраните.

Протестот е одржан под зголемено полициско присуство, но поголеми инциденти немало.