Видео Демонстранти упаднаа во фоајето на транзициониот тим на Трамп

Демонстранти упаднаа во фоајето на транзициониот тим на Трамп

Група демонстранти упаднаа во зграда во Вашингтон каде транзициониот тим на избраниот претседател Доналд Трамп ги врши подготовките за почетокот на неговиот претседателски мандат.

На социјалните медиуми се појавија фотографии и видеоснимки од демонстрантите, организирани од американската еврејска активистичка група „Иф нот нау“, како се собираат пред и во самата зграда.

Демонстрантите бараат главниот стратегист на Трамп за Белата куќа, Стивен Банон, да биде отпуштен поради расизам и антисемитизам.

Дел од демонстрантите носат транспаренти на кои е испишано „Отказ за Банон“ (Fire Bannonи „Еврејски отпор“ (Jewish Resistance), а фотографиите и видеоснимките на социјалните медиуми се објавуваат под истите хаштази.