Македонија Демократскиот сојуз бара транспарентност во случајот „Пуч“

Демократскиот сојуз бара транспарентност во случајот „Пуч“

Демократскиот сојуз бара на случајот „Пуч“, МВР, Јавното обвинителство и судот да работат јавно и транспарентно и да ги објават сите релевантни докази и факти врз кои се темели судската постапка против обвинетите, меѓу кои е и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Се работи за тешки обвинувања, поради што инсистираме судот да покаже висок степен на резистентност и да не потпаѓа под какви било влијанија и притисоци. Овој случај може да се разреши само со целосно почитување на владеење на правото“, пишува во денешното соопштение од ДС.

Демократскиот сојуз инсистира на целосно расчистување на сите аспекти во врска со сомнежите за насилство врз претставници на највисоките државни органи, како и шпионажа, за да не се заоструваат и да не ескалираат политичките состојби, меѓусебните обвинувања и поделби.

Демократскиот сојуз го повикува СДСМ да ги објави сите информации што подолго време ги најавува.