Македонија Демократски сојуз бара да се почне постапка за одговорност на Иванов

Демократски сојуз бара да се почне постапка за одговорност на Иванов

Демократскиот сојуз ги повикува парламентарните партии што не доставија листи за пратеници и не учествуваат во изборниот процес, да се приклучат на иницијативата за одржување итна седница на Собранието на Република Македонија.

На седницата би се донела одлука за откажување на изборите и да се почне постапка за одговорност на претседателот Ѓорге Иванов поради злоупотреба на функцијата.

„Со потпис на 63 пратеници, претседателот Трајко Вељаноски мора да свика седница со веќе предложениот дневен ред. Наместо да чекаме решенија од странство, ве повикуваме на единство и на проактивна акција“, пишува во соопштението на ДС.

Партијата очекува на постојната иницијатива да се приклучат и независните пратеници, како и пратениците на ДУИ, ДПА и на Унитети.