Македонија Делегација од германскиот Бундестаг во посета на Македонија

Делегација од германскиот Бундестаг во посета на Македонија

Во посета на Македонија е делегација на германскиот Бундестаг. Претставници на парламентарната група на германското Собрание за соработка со Југоисточна Европа, ќе се сретнат со собранискиот спикер Трајко Вељаноски.

Ќе остварат средба и со Антонио Милошоски, претседател на пратеничката група за соработка со Парламентот на Германија, како и со Нора Алити, заменик-претседателка на Комисијата за европски прашања на македонското собрание.