Македонија Делегација од Азербејџан го посети Охрид

Делегација од Азербејџан го посети Охрид

Деновиве, во посета на локалната самоуправа во Охрид, престојуваше висока научно-туристичка делегација од престолнината на Азербејџан, Баку, која се сретна и разговараше со заменик-градоначалниокот Ангел Јанев, претставници на градот Охрид и на Заводот за заштита на споменици на културата и Народниот музеј.

Во азербејџанската делегација беа академик Гафир Јабиев, потпреседател на Советот за радиодифузија, академик Кубра Алиева, директор на Институтот за археологија при Азебејџанската академија на науките и уметностите и проф. д-р Фериз Кјалили, директор на Асоцијацијата за промоција на културното наследство и туризмот.

Гостите ги претстави проф. д-р Рубин Земон од Институтот за социо-културна антропологија на Македонија, инаку нивни домаќин на третата Меѓународна конференција посветена на заштита на културното наследство, локалниот економски развој, туризмот и медиумите, што се одржа деновиве во Охрид.

На средбата, акцент беше ставен на мерките за зголемувањето на бројот на странските гости, меѓу нив и на граѓани на Азербејџан, како што се субвенционирањето на авиолетовите и туристичката такса во приватното сместување од мал обем.