Македонија Делегација на Собранието ќе присуствува на молитвениот појадок во Вашингтон

Делегација на Собранието ќе присуствува на молитвениот појадок во Вашингтон

Делегација на Собранието, предводена од претседателот Трајко Вељаноски, престојува во Вашингтон, каде што ќе учествува на 64. Молитвен појадок, традиционален, национален американски собир.

Во состав на делагацијата се потпретседателот на Собранието, Рената Десковска, и Павле Саздов и Нора Алити.

Делегацијата на Собранието во текот на својот престој во Вашингтон ќе учествува на неколку настани поврзани со појадокот, а ќе оствари и средби со повеќе конгресмени, сенатори, како и со претставници на меѓународни организации и на фондации.