Македонија Делегација на СДСМ оддаде почит на претседателот Киро Глигоров

Делегација на СДСМ оддаде почит на претседателот Киро Глигоров

Делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на првиот претседател на независна и суверена Република Македонија, Киро Глигоров, денеска, на петгодишнината од неговата смрт.

– СДСМ, како и сите граѓани на Македонија, со достојна почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Глигоров, кој градеше мостови на соработка во нашата држава и во светот, со што ги отвори перспективите за граѓаните и за Република Македонија – се вели во соопштението на СДСМ.