Дописници Дебранец од Папрадник узурпирал црковен имот

Дебранец од Папрадник узурпирал црковен имот

Полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против Н.Ш. (57) од Голем Папрадник – Центар Жупа, директор на Агенцијата за радијациона сигурност од Скопје, кој е осомничен за узурпација на недвижности.

– Пријавениот во текот на 2008 година, узурпирал 67 квадратни метри недвижност (имот) од катастарска парцела бр.1054 за КО Голем Папрадник – Центар Жупа, сопственост на црквата „Св.Петка“ – МПЦ-ОА – соопшти портпароплот на СВР од Охрид, Стефан Димоски.

Пријавениот, со намера за владение на недвижниот имот и за да го употреби за градба, изградил бетонски ограден ѕид и црковниот имот го припоил кон сопствената катастарска парцела бр.1058 за КО Голем Папрадник.

На тој начин противправно стекнал недвижен имот во површина од 67 квадратни метри на штета на МПЦ-ОА.

Дополнително, пријавениот стекнал и противправна имотна финансиска корист од 36.780 денари што како кирија за узурпираниот имот требало да ги плаќа од 2009 година врз основа на склучена вонсусдка спогодба. Според договорот, пријавениот од 2009 година требало да плаќа по 100 евра годишно како кирија за узурпираниот имот. Бидејќи не се придржувал кон вонсудската спогодба, односно киријата не ја плаќал, пријавениот Н.Ш. и вра таа основа и во износ од 36.780 денари ја оштетил МПЦ-ОА.