Македонија Дебата за вклученоста на жените во политиката

Дебата за вклученоста на жените во политиката

„Жените и политиката: Вклученоста и влијанието на жените во политиката во Македонија“ е темата на работниот состанок во организација на Платформата за родова еднаквост и на Фондацијата „Фридрих Еберт“ што ќе се одржи денеска во Скопје во 10 часот во хотелот „Стоун Бриџ“.

Целта на работниот состанок е да се дискутира за идентификување на главните бариери што влијаат врз учеството на жените во политичките процеси и да се обезбедат релевантни препораки со кои ќе се подигне јавната свест за ова прашање.

На состанокот ќе бидат презентирани наоди од студијата на „Реактор“ – „Жената во политиката: Патот до политичките функции и влијанието на локално ниво“, засновани на репрезентативно истражување, а кои укажуваат на бариерите со кои се соочуваат жените пред и за време на нивните мандати во политиката.

На ваков начи, посочуваат од Платформата за родова еднаквост, се прави обид да се мотивираат носителите на политики да направат суштински промени што ќе ги охрабрат жените во поголема мера да учествуваат во јавниот и во политичкиот живот.