Свет Деактивирани 150 бомби кои ИД ги остави во Палмира

Деактивирани 150 бомби кои ИД ги остави во Палмира

Сириските власти соопштија дека деактивирале 150 бомби кои ги поставиле исламистичките екстремисти во историскиот град Палмира.

Сириските воени сили во неделата го зазедоа градот, по тринеделни интензивни борби.

Првиот човек на сириската Управа за антики и музеи, Мамун Абдул-Карим, соопшти дека екипите направиле снимки на теренот, на кои се гледа дека повеќето статуи се оштетени. Сепак, деминерите не успеале да стигнат до некои подалечни места, вклучувајќи ги и гробниците, затоа што таму биле поставени стотици мини.

УНЕСКО го заштити Палмира како дел од светското културно наследство.