Свет Европа Де Мезијер: Бранот бегалци од Балканот е неприфатлив

Де Мезијер: Бранот бегалци од Балканот е неприфатлив

Германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезијер, изјави дека е неприфатливо 40 отсто од рекордниот број баратели на азил во Германија да доаѓаат од Балканот, нарекувајќи го тоа срам за Европа.

Германскиот министер, исто така, ги осуди протестите против приливот на мигранти, вклучувајќи и палење засолништа, карактеризирајќи ги како неприфатливи и недостoјни на земјата.

Германија се бори со голем број баратели на азил од воените зони како Сирија, но и од територии каде нема воени конфликти, вклучувајќи ги Албанија, Србија и Косово.

– Тој е голем предизвик со кој треба да се избориме. Тоа не е несовладливо за голема и богата земја како нашата. Клучно е да направиме разлика помеѓу тие на кои им е потребна заштита и тие на кои не им е – рече Мезијер за време на посетата на бегалскиот камп во германскиот град Ајзенхитенштат, каде додаде дека во бегалскиот камп најголемата група е од Сирија, но втората и третата по големина се од Србија и од Албанија.

Мејзиер наведе дека оваа година 40 отсто од барателите на азил во Германија биле од балкански држави.