Свет Европа Де Керкоф: ИД ја менува стратегијата поради големите порази

Де Керкоф: ИД ја менува стратегијата поради големите порази

Поради тешките загуби што ги трпи од воздушните напади на меѓународната коалиција во Сирија, Исламска држава се обидува да постигне успеси барем во странство, оцени координаторот на ЕУ за борба со тероризмот, Жил де Керкоф.

– Освен терористичките напади од 13 ноември во Париз, групата во последните неколку недели изведе напади и во Турција, Либан и на египетскиот Синајски Полуостров, што е знак за промена во нејзината стратегија – изјави Де Керкоф.

Според него, притисокот на коалициските воздушни напади во Рака и во околината можно е да ја принудил ИД да бара успеси во странство. Тој додаде дека тоа е знак на знак на слабост на ИД.