Свет Балкан Давутоглу: ИД стои зад нападот во Истанбул

Давутоглу: ИД стои зад нападот во Истанбул

Исламска држава стои зад денешниот терористички напад во Истанбул, во кој се убиени 10 лица, изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу, додавајќи дека бомбашот-самоубиец е странски државјанин, член на ИД.

– Независно од каде доаѓа тероризмот, тој што извршува терористички напад, извршува злосторство против човештвото. Сите убиени во денешниот напад во нашата земја се странци. Овие наши гости за нас се мили и вредни. Тие дошле за да ја запознаат Турција – изјави Давутоглу, додавајќи дека официјална Анкара ќе продолжи да се бори против ИД сè додека таа не престане да биде закана за земјата и за светот.