Македонија Дарко Димовски избран за претседател на ССМ на вонреден конгрес

Дарко Димовски избран за претседател на ССМ на вонреден конгрес

Сојузот на синдикати на Македонија денеска на вонреден конгрес го избра досегашниот в.д претседател Дарко Димовски за нов претседател на ССМ.

Тој беше избран преку јавно гласање со мнозинство гласови.

Неговиот противкандидат, Пецо Грујовски од УПОЗ, изјави дека ова бил најконтроверзниот конгрес.
– Во оваа пригода немам што да изјавам освен дека изгубија Сојузот на синдикати на Македонија и работниците – изјави Грујовски.

На седницата присуствуваа и високи синдикални претставници од Европската конфедерација на синдикати, како и првите луѓе на синдикалните сојузи од регионот, членки на Регионалниот синдикален совет „Солидарност“.