Свет Европа Данска ќе ѝ донира на Украина околу 100 германски тенкови „Леопард“

Данска ќе ѝ донира на Украина околу 100 германски тенкови „Леопард“

Следниот месец Данска ќе донира и артилериски системи „Цезар“ на украинската војска

Германски тенк „Леопард 2“ на воена вежба; Извор: By U.S. Army Europe photo by Visual Information Specialist Markus Rauchenberger - https://www.flickr.com/photos/usarmyeurope_images/8124186069/in/set-72157631688658714, Public Domain, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=22438109

Данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен на средбата со неговиот украински колега Олексиј Резников информираше за данската воена помош од околу 100 германски тенкови „Леопард“ за Украина, јавува Укринформ. Испораката на тенковите ќе започне пред летото, при што во наредните шест месеци е предвидено да бидат испорачани сите тенкови на Украина, изјави Поулсен.

Следниот месец Данска ќе донира и артилериски системи „Цезар“ на украинската војска.

Весникот Вашингтон пост пишува дека египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси во февруари годинава планирал Египет да произведе 40.000 ракети за Русија и дал инструкции на официјалните лица да ја држат под тајност ваквата испорака за да избегнат проблеми со западните земји. Овој весник се повикува на протечен документ од американските тајни служби.

Дел од строго доверливиот документ од 17 февруари годинава ги сумира наводните разговори на Ал Сиси со египетските воени функционери, при што покрај ракети, во план било на Русија да ѝ се испорача и артилериско орудие и барут.

Институтот за проучување на војната објави дека Русија продолжува да постигнува придобивки во градот Бахмут, но и претрпува „значајни“ жртви во тој процес, пишува Гардијан.

Геолоцираните снимки објавени на 9 и 10 април покажуваат дека руските сили направиле маргинален напредок северозападно од Хромове (2 километри западно од Бахмут) во југозападниот дел на Бахмут и северно од Сако и Ванцети (15 километри северно од Бахмут).

Украина и Русијa потврдија дека повеќе од 200 руски и украински војници се вратиле дома во најновата размена на затвореници, пренесува Гардијан. Руското министерство за одбрана соопшти дека 106 руски војници биле ослободени од украински притвор како дел од договорот со Украина. Андриј Јермак од кабинетот на украинскиот претседател соопшти дека Русија ослободила 100 украински затвореници. Тој потврди меѓу разменетите 100 украински луѓе се војници, морнари и граничари, а меѓу нив се и дефанзивците на Мариупол, Азовстал и Хостомел.