Свет Европа Данска го изгласа контроверзниот закон за мигранти

Данска го изгласа контроверзниот закон за мигранти

Пратениците на данскиот парламент по целодневната расправа го изгласаа предлог-законот според кој од азилантите ќе се одземаат драгоцености во замена за нивно издржување. Ваквиот предлог-закон наиде на критики и во земјата и во странство.

Законот, како и мерките што вклучуваат одложување на спојувањата на семејствата на бегалците и на мигрантите и до три години, покажуваат дека опаѓа ентузијазмот во нордиските земји за прифаќање мигранти.

Критичарите го споредуваат планот на данските власти со конфискацијата на имотот на Евреите во Втората светска војна.
Властите во Копенхаген се обидуваат со усвојувањето на новиот закон да го запрат бранот бегалци, кој не се намалува иако Данска, заедно со Шведска, ги заостри контролите на границите.