Свет Балкан Даночната управа на Србија ќе ги проверува наводите од „Панама пејперс“

Даночната управа на Србија ќе ги проверува наводите од „Панама пејперс“

Даночната управа на Србија соопшти дека по повод случајот „Панама пејперс“, изнесените наводи ги проверува во координација со другите државни органи.

Мрежата за истражување криминал и корупција објави имиња на 18 лица од Србија, кои основале офшор-компании преку панамската адвокатска агенција „Мосак Фонсекa“ од која протекоа документите.