Македонија Данев: Заев ќе прави отстапки за да се спаси од 9 години...

Данев: Заев ќе прави отстапки за да се спаси од 9 години затвор

Лидерот на СДСМ е подготвен на секакви отстапки само за да формира владина коалиција, оти во спротивно ќе заврши во затвор на 9 години поради земање поткуп и поради насилство кон претставници на највисоките државни органи, порача Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција попладнево.

– Јасно е зошто Заев е подготвен на секакви отстапки и секакви пазарења. Заев знае дека ја нема поддршката од народот. Знае дека изгуби на изборите на 11 декември и дека народот се спротивстави на можноста аболицирани криминалци да ја водат државата. Затоа пред Заев се две можности или да се обиде по секоја цена, ветувајќи се и сешто да ја заобиколи волјата на народот и да дојде на власт или да се помири со фактот дека наредните години ќе ги помине во казнено-поправниот дом Идризово – рече Данев.