Македонија Дане Талески кандидат за амбасадор во НАТО

Дане Талески кандидат за амбасадор во НАТО

Советникот за надворешна политика на премиерот Зоран Заев, Дане Талески е кандидат за амбасадор во НАТО.

Кандидатурата на Талески, министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе ја достави на владина седница в четврток.

Амбасадорското место во НАТО досега не беше пополнето, а Заев и Димитров изминатиот период говореа дека во моментов кога земјата е пред прагот на полноправно членство во Алијансата, пополнувањето на ова место е клучно.

Протоколот за членство во НАТО остана да го ратификува уште шпанскиот парламент.