Свет Балкан Дачиќ: Отвoрањето на границата е голем успех за Србија

Дачиќ: Отвoрањето на границата е голем успех за Србија

Укинувањето на едностраната и противправна одлука на хрватската Влада за блокада на границата со Србија претставува голем успех на политиката на Владата на Србија, на чело со премиерот Александар Вучиќ, порача шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.

Според него, тоа е и голем пораз на неодговорната политика на хрватската Влада и премиерот Зоран Милановиќ.

Српската Влада вечерва ќе одржи вонредна седница, на која се очекува да донесе одлука за укинување на контрамерките кон Хрватска, откако таа ја деблокираше границата.

Седницата ќе почне во 21 часот.