Македонија Ципрас доаѓа во Скопје на први октомври на Самит за Западен Балкан

Ципрас доаѓа во Скопје на први октомври на Самит за Западен Балкан

Фото: Архива на Мета.мк

Поранешниот грчки премиер и лидер на опозициската партија СИРИЗА Алексис Ципрас и поранешниот претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц на 1. октомври ќе учествуваат на Самитот за Западен Балкан во Скопје. На настанот, организиран од „Економист“, ќе дебатираат, меѓу другите, и поранешниот помошник државен секретар на САД Вес Мичел, потпретседателот на Европскиот парламент Димитрис Пападимулис и македонскиот премиер Зоран Заев.

На еднодневниот самит „Зајакнување на моментумот за европска интеграција“ централно место ќе заземе панел дискусијата на актуелниот премиер Зоран Заев со лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас и Мартин Шулц на темата „Кои се следните чекори за европска интеграција на Западен Балкан?“. Настанот е планирано да се одржи во хотелот „Хилтон“ во Скопје.