Македонија Царовска, Манчевски и Забрчанец во самоизолација бидејќи имале средби со Зекири

Царовска, Манчевски и Забрчанец во самоизолација бидејќи имале средби со Зекири

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и националниот координатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец се во самоизолација откако имале средби со потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири.

Иако на средбите биле почитувани сите протоколи, сепак според препораките на епидемиолозите, тие ќе бидат во самоизолација.

Инаку, поради гостување на Зекири на ТВ „24“ во самоизолација е и новинарката Душица Мрѓа, а генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев кој исто така гостуваше во емисијата е негативен на корона вирусот.

Денеска и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу на неговиот фејсбук-профил информираше дека ќе биде во самоизолација по контакт со лице заразено од корона вирусот.