Македонија ЦУК: Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка во...

ЦУК: Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка во Ранковце

Автомобилот удрил во банкина, информираат во ЦУК

Фото: Image by PublicDomainPictures from Pixabay

Eдно лице загина а три се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случила ноќеска во селото Љубанци, општина Ранковце, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Регионалниот ЦУК Куманово, известува дека синоќа сообраќајна несреќа при која автомобил удрил во банкина во реонот на с. Љубанци, Општина Ранковце, при што животот го загуби едно лице, а три лица се здобиле со тешки телесни повреди и истите се пренесени во болница во Куманово“, информираат во ЦУК.

Сообраќајот на тој патен правец во периодот од два до пет часот по полноќ бил во целосен прекин.