Свет Балкан Четири лица се убиени, а двајца се повредени во Албанија поради расправија...

Четири лица се убиени, а двајца се повредени во Албанија поради расправија за поделба на плажа

Photo by Jani Godari on Unsplash

Четири лица се убиени, а двајца се повредени во вооружен судир на плажа во Велипоја во северна Албанија, јавија албанските медиуми.

Според првичните сознанија на полицијата, пресметката се случила по кратка расправија поради поделба на сопственоста над песочните плажи каде што се поставени лежалки, помеѓу два хотела, оддалечени 50 метри еден од друг.

Албанскиот претседател Илир Мета побара целосна истрага за околностите и причините за вооружената пресметка.

„Конфликтите со огнено оружје кои се случуваат на јавни места и во текот на туристичка сезона, ги загрозуваат животите и здравјето на граѓанитe, а ја нарушуваат и сликата за Албанија на домашните и странските туристи. Плажите и центрите на нашите градови не заслужуваат да личат на бојните полиња од Дивиот Запад. Јавниот ред и мир се сериозно нарушени и бараат нови ефективни мерки за нивно гарантирање, со цел да се заштитат животот, здравјето и имотот на граѓаните,“ вели Мета.